Скандалозно: Пендаровски призна дека СДСМ во претседателскиот кабинет организирал партиски средби со Асаф Еисин

Во скандалозна изјава за Клик Плус на ТВ 21 претседателот и кандидат за нов шеф на државата Стево Пендаровски призна дека СДСМ во претседателскиот кабинет организирала партиски средби со ПР консултанти.



Во новата изјава за аферата Пендаровски вели дека имал средба во кабинетот на претседателот каде израелскиот ПР експерт Асаф Моше Еисин му презентирал понуда за водење на кампања.

Во изјавата Пендаровски вели дека не се договорил со израелскиот експерт по што го упатил на средба со тие што ја финансираат неговата кампања односно СДСМ за кои не знае дали се договориле со пропагандистот.

Еден од проблемот на Пендаровски кој мора да го истражи Државната комисија за борба против корупција е злоупоребата на државноста резиденција за партиски состаноци односно зошто Пендаровски дозволил во претседателскиот кабинет средби да организира политичката партија СДСМ.

Во првичната изјава кога пред две недели ова прашање поврзано со злоупотреба на државни ресурси и пари го потегна потпретседателот на СДСМ Александар Николовски, Пендаровски кажа нешто што сега го инкримира.

Тогаш Пендаровски рече дека со Асаф Еисин се сретнал на средба која ја организирала СДСМ.

Како се случило СДСМ да организира средба во кабинетот на претседателот Пендаровски засега е нејасно но е целосно противзаконски.

Ако не се работи за истата средба тогаш Пендаровски лаже дека имало само една средба и тогаш е јасно дека израелскиот ПР експерт работи за кампањата на Пендаровски.

,,Во однос на лицето за кое прашувате, претседателот Пендаровски и соработниците го имаат сретнато лицето во својство на консултант на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на средба која ја имаше организирано таа политичка партија која и формално му ја има дадено поддршката за претседателот Пендаровски за претстојните избори”, изјавија првично од Кабинетот на Пендаровски за соработката со Еисин.

Новата изјава на Пендаровски