Скандалозни навреди на Грчев: Само тешки лудаци гласаат за фашистичкиот култ ВМРО ДПМНЕ, кој ја кретенизира Македоња!

„Оние што избрале да гласаат во 2024 година за ВМРО пројавуваат симптоми на тешка  деменција (лудило – заб.прев.) која напредува кон надолна спирала на губењето на мозокот.  Тие луѓе – и тоа сите од ред – се тешко заболени од деменција, штом гласаат сложно за ВМРО ДПМНЕ!“ – пишува универзитетскиот професор и архитект Мирослав Грчев во својата скандалозна колумна со наслов „Ако разговараш разумно со будала, ќе те нарече будала “, која ја објави весникот „Слободен печат“. Со екстремно агресивен речник Грчев си дозволува да ги нарече како „тешки лудаци“ голем дел на македонскиот народ – просечно од 300 илјади до 400 илјади бирачи, зависно од кои локални, парламентарни, или претседателски избори, низ изминатите години – но и граѓани од други етникуми, кои гласаат од свои причини за ВМРО ДПМНЕ. Со приземен и вулгарен речник Грчев зборува и за „кретенизација на Македоња“, плукајќи врз државата, во која живее и од чиј буџет ја добива својата професорска плата.



Во колумната, која Грчев ја означува како политичко-невропсихијатриски есеј, покрај другото, уште наведува: За да гласа човек за ВМРО-ДПМНЕ во 2024 година треба да вмровски верник, или да е малоумен. Вемерето е свештеничко-фашистички култ. Гласањето за вемерето на малоумните луѓе, на кои размислувањето и правењето одлука на избор не им е во опсегот на умствените способности, е уште еден доказ за нивната малоумност.“

„Нивната убеденост дека извршиле слободен избор врз основа на размислување укажува дека тие воопшто не се свесни за своите ограничувања во својата памет. Малоумниците што гласаат за вемерето страдаат и од посериозни невропатолошки состојби.

„Ако мислат дека е можно со вемерето да станат повторно горди, по пат на кретенизацијата на Македоња со подигањето споменици и кичеви со најдолен вкус и без каква и да е смисла, тоа е повторно доказ дека се толку без памет во главата, што се сосема несвесни за последиците на нивниот избор. Гласањето за вемерето е можно само под услови на тешка умствена попреченост. Тоа е докажано.“