Скандалозен текст: За „Инфошќип“ „Распукала Шар планина“ е „националистичка песна“ и му пречи што за министерот Трипуновски Вејце е македонска земја!

„Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски заедно со неговиот заменик Флакрон Беџети денеска учествуваше на Денот на компирот и Денот на гравот во тетовското село Вејце, каде што имаше уметничка програма и беше испеана националистичката песна „Распукала Шар планина“. Вакви манифестирања со македонски националистички песни се одржуваат за првпат во тетовското село Вејце по конфликтот во 2001 година.“ – оваа скандалозна вест со наслов „Трипуновски: Вејце е „македонска земја“, а тетовскиот компир и грав се „македонска храна“, која содржи сериозни провокации врз етничка основа, ја објави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“.



Во својот текст „Инфошќип“ уште пишува: Од Вејце Трипуновски објави на фејсбук  текст со фотографии, нагласувајќи дека „македонската земја“ е плодна, а “македонската храна“ станува популарен бренд!