Неочекуван скандал се случил денеска во седиштето на ЕУ во Скопје каде што требало да се одржи важен состанок и презентација од страна на експерти на ЕУ.
На состанокот за реформите во јавната администрација во ЕУ Инфоцентарот биле поканети високи претставници од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), невладиниот сектор и други гости.
Откако ЕУ експертите повеќе од 1 час чекале да дојдат поканетите од МИОА а тие не се појавиле организаторите се извиниле и најавиле дека настанот ќе биде одржан во друга прилика.
Очевидци на настанот тврдат дека непојавувањето на претставници на МИОА предизвикало бес кај организаторите, ЕУ Инфоцентарот и експертите на ЕУ поради што е можна официјална реакција од мисијата на ЕУ до министерот Дамјан Манчевски.





