„Малку е чудно генерален секретар на НАТО да дава изјави за тукушто донесен закон, кој што уште не влегол во сила“, вели професорката Гордана Силјановска-Давкова во интервју за „Фактор“, коментирајќи ги последните случувања околу донесувањето на Законот за употреба на јазиците, кој минатата недела беше донесен во Парламентот и на кој претседателот на државата Ѓорге Иванов стави вето.
Професорката се согласува дека „македонското општество е хетерогено, мултикултурно, мултиетничко, мултијазично, меѓутоа, ова е еден интересен модел на инклузивност во кој сите заедници и нивните јазици немаат ист уставен третман“.
Силјановска-Давкова вели дека, иако насловот е „Закон за употреба на јазиците“, во него има само два члена… кои се однесуваат на јазиците на помалите заедници.




