Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во изјава за ТВ21 го објасни случајот со помилуваните осуденици од страна на Комисијата за помилување.
Таа вели дека во конкурентите случаи се решавале за правни дела а не за личности и посочува дека како што ветила при формирањето на комисијата таа никогаш нема да се меша во работата на Комисијата за помилување.
,,Околу помилувањата прво јас кога ја конституирав комисијата за помилување која е составена од врвни експерти во оваа област и познавачи реков дека ќе ја почитувам нивната работа. Мислам дека кога се даваат коментари се заборава на што. Значи вие делото го анализирате така? Пред се делото. Кога се работи јас веќе и имињата не ги знам да бидам искрена меѓутоа кога јас ги потпишав овие одлуки по што се водев? Се водев од тоа дека во првиот случај не го знам ни името како беше да бидам искрена делото е, пресудата е 1 година и 3 месеци и делото се однесува на поседување неовластено поседување на оружје и на 5 куршуми. Тоа е делото. Веројатно тие се воделе по ова. Да личноста знам која е таа личност но лично јас зборувам за работата на комисијата. Кај вториот случај се работи за дело кое е врзано со насилство или на некоја наплатна станица некоја тепачка и казната е 6 месеци. Веројатно тие се воделе од ова заменувајќи ги обете кај првата е година и три месеци значи кога ги замениле овие казни со условна од три години, да личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот тоа е факт сега гледам јас тоа, но јас велам дека тие се воделе од конкретните дела. Претпоставувам дека има начин значи да се санкционира бидејќи да било делото членство во злосторнички здруженија и јас не знам какви опасни веројатно поинаку би било. Значи јас почитувам знаење, јас потпишувам одлуки меѓутоа јас велам дека никогаш директно нема да се мешам во работата на комисијата, точно е дека го имам последниот збор но мора да се има ова во предвид”, изјави Давкова за ТВ 21.
Вчера по одлука на Комисијата за помилување во која членуваат врвни правници беа помилувани неколку контроверзни лица. Еден од нив лежел затвор за поседување на пиштол и 5 куршуми а другиот за тепачка на наплатна рампа.
Видеото со целата изјава на овој линк






