Сирија: Цената на лебот во Алепо се зголеми за 900 отсто!

 

Во многу големи градови, како што е главниот град Дамаск, има недостиг од храна по падот на режимот на Башар ал Асад.



Хуманитарната ситуација во Сирија останува нестабилна, соопштија Обединетите нации.

Од почетокот на офанзивата на бунтовниците, цената на лебот во градовите како Идлиб и Алепо се зголеми за 900 отсто.

ОН проценуваат дека од почетокот на офанзивата на бунтовниците предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), околу еден милион луѓе се раселени во Сирија.