СИРИЗА категорично го осудува новото провокативно прекршување на Договорот од Преспа од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски и го повикуваме конечно да се усогласи со меѓународното право, соопштија синоќа од грчката опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина.



Од СИРИЗА велат дека „сакаат да го потсетат (Мицкоски -н.з.) на принципот на меѓународното право „pacta sunt servanda“ (договорите се обврзувачки и треба да се почитуваат), како и на предвидените санкции што произлегуваат од меѓународното право при континуираното прекршување на Договорот од Преспа“.

Потсетуваат и дека Договорот е предуслов за членство на С. Македонија во Европската Унија и паралелно упатуваат апел, но и критики до актуелната грчка Влада.

„Ја повикуваме Владата на Мицотакис да ги преземе потребните активности како што е предвидено со Договорот од Преспа и веднаш да го интернационализира прашањето со што новото раководство на с. Македонија ќе се соочи со своите одговорности пред меѓународната заедница во случај да продолжи да го прекршува Договорот“, пишува во соопштението од СИРИЗА.