Синдикалната кошница достигна две и пол минимални плати, поголема за 836 денари од мартовската

Синдикалната минимална кошничка достигна речиси три минимални плати. Таа расте од месец во месец, но не поради раст на платите, туку поради постојаното поскапување на основните животни трошоци. Таа за април е повисока за 836 денари од таа за март. Според ССМ во април таа изнесува 62.691 денари, а мартовската беше 61.855 денари.



Од Синдикатот велат поради нефер трговските практики на дел од трговците, последната мерка на Владата за ограничување на маржите за најмалку 10% даде половичен ефект.

Денеска, за жал 2,5 минимални плати не ја покриваат вредноста на Синдикалната минимална кошница, па реално и оправдано е барањето за зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, како и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра“, стои во објавата на Синдиактот.

Во меѓувреме се доцни со објавата на владината кошничка. Наместо минимална, таа ќе е просечна и нема да опфаќа четири, туку тричлено семјство. Новата Владина просечна потрошувачка кошничка иако првично требаше да ја изготвуваат синдикатите заедно со властите, сепак ја изготвуваат само властите, односно министерствата за Економија, Земјоделство, Финансии, Државниот пазарен инспекторат, и комисијата за заштита на кокнуренцијата. Владата во новоизготвената кошничка одлучи дека одредени овошја и одморите не заслужуваат место во просечна потрошувачка кошничка- бидејќи според нив тие се сметаат за „луксуз“. Истата се очекува да биде објавена до крајот на месецов.