Син на поранешен висок функционер се сомничи за „Оддавање службена тајна“

Вчера бил приведен син на поранешен висок функционер во Македонија поради сомневање за кривично дело „Оддавање службена тајна“.



Станува збор за лице со иницијали Ќ.Б..

Тој бил повикан на службен разговор во полициската станица за да даде исказ во врска со ова кривично дело.

Во текот на разговорот, од обвинетиот бил одземен мобилен телефон, а полицијата презела и други мерки во рамки на истрагата.

„Лицето за кое прашувате на 28.12.2024 беше приведено, при што во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело Оддавање службена тајна, одземен му е мобилен телефон, по што по насока на ОЈО лицето е ослободено“, вели портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, за ТВ21