Кандидатката за претседател на државбата Гордана Силјановска Давкова предлага и Македонија да се кандидира за непостојана членка на Советот за безбедност на  ОН.



„Тоа го можеме бидејќи ние сме имале и во ОН претставници, дипломати кои останале запаметени. И овде имаме луѓе кои се изворедни во дипломатијата и има што да кажат, само што треба да се однесуваме одговорно, посветено, да лобираме.

Да покажеме и да докажеме дека иако сме мала држава имаме и ние зад себе историски ама и сега субјекти, универзитети, наука што изнедрила личности-државници кои рамноправно можат да одлучуваат во надворешната политика.Тогаш кон нас ќе се одлучуваат со почит“, објасни Силјановска Давкова.

Во Советот за безбедност на ОН покрај петте постојани членки, Велика Британија, Кина,Русија, САД и Франција има и 10 непостојани членки со мандат од две години.

Почнувајќи од 2025 година редот е на источноевропските членки и тука е шансата на државите од регионот. Црна Гора и Литванија веќе аплицираа, а иостото ќе го направи и Србија, како што најави претседателот Александар Вучиќ.