Силјановска денеска во директна битка против системот кој го урнисува македонското правосудство

На маргините на изборната кампања кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова денеска ќе учествува во директна битка против системот кој со години го урнисува македонското правосудство.



Таа денеска ќе се обиде да спречи избор на 130 судии и обвинители од СДСМ и ДУИ, голем број од нив роднини или блиски луѓе на функционери на СДСМ и ДУИ кои треба да станат судии и обвинители.

Професорката Силјаноска Давкова во 14 часот и 30 минуту во одбрана на законот пред управниот суд ќе го брани ставот дека Академијата за судии ги прекршува изборниот законик со тоа што во моментов води постапка за вработување на 130 слушатели за идни обвинители и судии.

Предходно Државната комисија за спречување на корупција
(ДКСК) едногласно го поддржа нејзиниот приговор, но Академијата за судии и јавни обвинители поднесе жалба до Управниот суд, кој најдоцна до недела мора да се произнесе за предметот.

Судечки совет на овој случај ќе бидат судиите Дитурије Елези Незири, Ана Герасимовска и Даниела Антовска, судии во Управниот суд.

Од страна на Академијата за судии претставник ќе биде директорката Наташа Габер Дамјановска.

Во јавноста постои став дека Управниот суд е под директно влијание на политички фактори и јавната расправа покрај домашната јавност ќе ја следат и странски претставници на кои не им е јасно зошто Академијата за судии и јавни обвинители инсистира да го заврши процесот во време на избори.