Кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека сака сама да се движи низ градот и дека пред неколку дена била на пазар.
„Јас сум пешак, пешки доаѓам на работа, не возам, среќавам луѓе, се чувствувам пријатно во градот, ги знам годишните времиња. Ги знам сите луѓе на пазар, на Зелен и на Буњаковец, од првата до последната тезга. Сакам на крајот да си купам цвеќе“, вели Силјановска Давкова.
На посочувањето дека доколку стане претседател на државата, нема да може сама да се движи, таа вели дека тоа се големи дилеми и ќе размисли дали ќе го „жртвува“ пазарот и одењето пешки кое ја прави среќна.
„Можеби можат да се сменат правилата“, додаде Силјановска Давкова.





