Силно невреме во делови од Скопје

Силен ветер со дожд попладнево зафати делови од Скопје. Во одредени реони како во населбите Ново Лисиче и Аеродром снема струја откако почна невремето.



Граѓаните споделуваа видеа од невремето на социјалните мрежи, а беа објавени и фотографии од паднати дрвја на излезот од Скопје, во правец на Велес.

Од УХМР велат дека најпогодени во невремето со пороен дожд, град и грмежи биле охридскиот, беровскиот и струмичкиот регион.

Извор/ видео: А1 ОН

Фото: ЦУК