Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја потресе источна Турција, јавува „Ројтерс“.



Според агенцијата за катастрофи и вонредни состојби во земјата AFAD, епицентарот на земјотресот бил во провинцијата Малатија. Се почувствувал во градовите Кале, Дијарбакир и Елазиг.

Засега нема извештаи за штети или жртви.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар процени дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала и бил на длабочина од 9 километри.

Во два силни земјотреси на 6 февруари 2023 година во јужна Турција загинаа повеќе од 50.000 луѓе во 11 провинции, а милиони останаа без покрив над главата.

По земјотресите, Ердоган вети 319.000 нови домови до февруари 2024 година и вкупно 680.000 една година подоцна.