Сејдиу: АА не ја напушти Вреди, туку само Таравари! – Со ова тој направи животна грешка!

Алијансата за Албанците не ја напушти Вреди, туку само Арбен Таравари! Со ова тој направи животна грешка!“ – оваа изјава на Блерим Сејдиу, претседател на селската општина Желино, во тетовскиот регион, и потпретседател на Беса, од Вреди, ја пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија ИНА.



Агенцијата ја пренесува изјавата, што ја даде Блерим Сејдиу во овој контекст во интервјуто за ТВ Алсат: „АА не излезе од Вреди, туку само Таравари. Ова се потврдува со секојдневните напуштања на функционери и активисти од АА на Таравари. Ова е показател дека споменатата негова одлука била погрешна, оти му беше животна грешка. Ја добивме довербата на граѓаните и мора да бидеме сериозни во нашиот ангажман. Не можеме да критикуваме кога ги имаме сите експоненти во владата. Оние што поднесуваат оставки завршуваат во ДУИ. Сето ова е направено заради калкулации за некои општини.“