Сеуште нема потерница по Грујевски и Бошковски

Двајцата  обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на СЈО кои се однесуваат на злоупотребата на системите за прислушкување на УБК и за уништување на опрема Горан Грујевски и Никола Бошковски за кои Врховниот суд го потврди притворот, сѐ наоѓаат на непознато место но тие не се достапни на полицијата која неуспешно се обидела да ги однесе во затворот во Шутка.



Бошковски е вработен во Управата, а Грујевски беше началник на петтата управа во УБК. Ниту еден од нив не побарал одмор или дозвола за одсуство од работа.

Според засега сеуште неофицијални информации, тие не биле пронајдени во нивните домови ниту на уште неколку други локации за кои МВР сметала дека може да се кријат. Освен ако МВР намерно не потврдува дека тие веќе се притворени, тие се во бегство но засега за нив нема објавено потерница.

Нивните сопруги според извори на „Дојче Веле“ не знаат каде се наоѓаат а не можат да бидат лоцирани и преку мобилните телефони кои што ги оставиле дома.

Можно е двајцата да се сеуште во земјата или пак да ја напуштиле Македонија преку диви гранични премини со оглед на тоа што немаат патни исправи а граничните служби се предупредени да не дозволат нивни излез од земјата.