Селмани: Ако Уставниот суд го отвори прашањето на законот за јазиците, Албанците ќе го сфатат тоа како провокација кон нив

„Законот за примена на јазиците, и покрај можните недостатоци, веќе е дел од правниот систем. Враќањето на едно прашање, кое е затворено пред пет години може да повлијае Албанците да ја сфатат оваа постапка како стремеж за провокација кон нив.“ – вели политичкиот аналитичар и поранешен кандидат за шеф на државата Имер Селмани. Ова го објави ТВ Клан Македонија.



ТВ Клан Македонија пишува: Селмани го поставува прашањето: ако било потребно да се интервенира во законот за јазици, зошто морал да чека Уставниот суд, за да реагира? Според него, повторното актуализирање на веќе затворено прашање е бесмислено, бидејќи не треба да се враќаме на теми, кои поттикнуваат напнатост кај Албанците, или кај сограѓаните-Македонци.

„Ако имало и најмала причина да се интервенира во законот за јазици, зошто чекал Уставниот суд пет години, за да реагира? По пет години, откако овој закон веќе стана дел на правниот систем и од неговото функционирање, сега е бесмислица да се враќаме назад и да укинуваме нешто, што функционира во нашата земја, иако со некои дефекти. Непотребно е отворањето на таквото прашање. Сигурно е дека Албанците во нашата држава ќе го сфатат ова како ова како стремеж за провокација кон нив и албанските прашања, што ги засегаат нив.“

Запрашан дали настаните од последните неколку месеци, кои се чувствителни за етничката хармонија во земјата, би можеле да повлијаат врз создавање дестабилизација, што би била предизвикана од напнатоста во меѓуетничките односи, Селмани оценува дека состојбите од минатото не можат да се споредат со сегашните ситуации, затоа што во 2024 година имаме повеќе демократски институции, Уставот е изменет неколку пати, ние сме членки на НАТО, па дури и менталитетот во општеството е различен. Според него, поединци, кои се стремат кон тоа, треба да бидат спречени спречени од институциите и политичките партии од власта и од опозицијата.