Села ја бетонира позицијата во Алијанса за Албанците

Додека втората најголема партија на албанското малцинство во земјава, БЕСА, се бори за задржување на единственоста по партискиот курцшлус – за што на 24 февруари ќе се одлучува на партискиот конгрес, за прв ваков се подготвува и Алијанса за Албанците (АА) на Зијадин Села.



Нивниот конгрес е закажан за 11 март.

Дали приближното поклопување на конгресите е намерно заради дефинирање на позициите во пресрет на засилените релации на линија Скопје–Атина, додека албански аналитичари од Приштина и од Тирана повикуваат за активно вклучување на партиите на ова малцинство во промената на името?

Извори на „Експрес.мк“ во партијата на Села коментираат дека засега нема разговори за евентуално притискање од страна на Алијанса за Албанците врз СДСМ и ДУИ за подиректно учество во преговорите за решавање на спорот за името. Остануваат на нивната определба: побрз влез во ЕУ и НАТО, за што единствена пречка е решавање на спорот за името.