Села: Ни го одзедоа правото дека државата мора да им гарантира на Албанците работни места! – Време е за обединување на сите Албанци!

„Се врши напад против правата и достигнувањата на Албанците во * Македонија. Последните одлуки против албанската етничка припадност и албанскиот јазик, не се на Уставниот суд, туку на Владата, раководена од ВМРО ДПМНЕ. Време е за обединување на Албанците како единствен начин да се запре насилството на Владата против нив!“ – со овие тврдења се огласи Зијадин Села, лидерот на крилото во Алијансата за Албанците, со кое раководи тој, вчеравечер на партиската средба, одржана во скопското село Арачиново. Неговите тврдења ги пренесе весникот на албански јазик „Лајм“.



Села посочи: „Европскиот фронт ќе постои се додека ќе постојат и стремежите да се удри врз она, што ни е најсвето, од оваа Влада и од овој Уставен суд“. Потоа тој изнесе тврдење дека, наводно, „на Албанците им се одземаат правата да ја искажуваат својата етничка припадност и на употреба на албанскиот јазик“!

„Измамуваат оние, што велат дека Уставниот суд го обезвреднува балансерот, тоа не е вистина. На нашите деца им го одзедоа правото да се евидентираат според етничката припадност на нивните родители и за тоа треба да се разговара и да се каже во јавноста. Ни го одзедоа правото да ја прикажеме нашата етничка припадност во моментот кога кога ќе се појавиме пред органите и институциите. Ни го одзедоа и правото дека државата мора да ни гарантира работни места овде како на народ и како на даночни обврзници, затоа што парите не ги добиваат на друго место, туку и ние плаќаме.  Сега се обидуваат со истата институција, со Уставниот суд да ни го одземат и правото на употреба на албанскиот јазик во многу важни субјекти.“ – рече Села.

Тој во Арачиново изнесе и тврдење дека, наводно, „се врши напад не само против  албанскиот јазик, туку и против идентитетот на Албанците“! „Им се одземаат правата на Албанците, не се унапредуваат Албанците. Кога се напаѓа албанскиот јазик, се напаѓа јазикот на сите Албанци. Кога се напаѓа албанската етничка припадност се напаѓа идентитетот на сите Албанци, без оглед на политичката припадност и на политичките партии, кои кои тежнееме. Сега единствениот начин да се запре сето ова ова насилство е обединување на сите Албанци, време е да го направиме тоа!“ – кажа Зијадин Села, лидерот на крилото во Алијансата за Албанците, со кое тој раководи.