Зијадин Села од отцепеното крило на Алијанса за Албанците, синоќапортача дека по изборите на 8 мај нема да се формира Влада без Албанци.
„Тоа не е во законот за формирање на влада, ниту во Уставот, но не можеме да се вратиме во деведесетите. Влада без учество на партија на Албанците не може да има, тое е непишано, но моќно правило“, порача синоќа Села во „Клик Плус“ на ТВ21.
Според него, по изборите треба веднаш да се спроведат уставните измени, па потоа да се формира влада.
„Мое лично мислење е дека по изборите прво мора да се спроведат уставните измени, а потоа да се формира влада“, порача Села.





