„Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски отвора националистички теми, кои не ѝ помагаат на стабилноста на државата.“ – изјави Зијадин Села, лидерот на крилото во Алијансата за Албанците, со кое раководи тој, во емисијата „Пресинг“ на ТВ Клан Македонија.
ТВ Клан Македонија пишува: Села додаде дека во Македонија има 30 проценти Албанци и затоа, според него, ВМРО ДПМНЕ греши кога ги смета како национално малцинство.
„Не ми се допаѓа речникот на Мицкоски, воопшто не ми се допаѓа таа нивна смелост и тој полет, кој го имаат. Не посакувам Мицкоски да биде во Владата, но ако биде, тогаш ќе мора да обрнува вминание на една стабилна Македонија! Стабилна држава не се прави со таквиот речник! Мицкоски отвора значително чувствителни теми, во оваа земја 30 проценти се Албанци и затоа ние не сме малцинство, како што не нарекува тој.“ – посочи Зијадин Села.





