Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, го обвини премиерот Зоран Заев за селективна борба со криминалот само во „словенскиот“ дел на Македонија, а не и во албанскиот.
„Устата на Заев е полна со реформи во правосудството, а ништо не прави. Се борат со криминалците само во словенскиот дел, а не и во албанскиот. Па и ние имаме деца, а тие албански криминалци ги напаѓаат нашите деца во нашите населби. Значи, Македонија не се реформира“, го цитираат медиумите на албански јазик контроверзниот пратеник што се „прослави“ со изјавата дека пред еден век немало Македонци.
Села, кој деновиве престојува во САД, не објаснува што подразбира под „словенски“ дел на Македонија и кој е албанскиот.





