Села ги повикува сите албански партии на „заедничка расправа“, оти се „згазени изборната волја на Албанците и унитарноста на државата“!

Зијадин Села, лидерот на едното од двете крила во Алијансата за Албанците, повика на „одржување заедничка расправа на албанските политички субјекти“ по вчерашното прегласување во тетовското село Ларце, во шестата тетовско-гостиварска изборна единица, кога албанската коалиција „Вреди“ доби уште еден, 14-ти пратеник, а коалицијата „Европски фронт“ на Али Ахмети и ДУИ загуби еден пратеник во конечниот изборен резултат на парламентарните избори. Села ова го кажа во синоќа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.



ТВ 21 пишува: „Се сеќавате ли колку долго зборував за заедничката маса на албанските парламентарни политички партии? Во овие моменти оваа маса е неопходна. Во овие моменти ние се наоѓаме како политички чинител: и победниците и поразените, Европскиот фронт и Вреди сите заедно му даваат повеќе значење на легитимитетот на Албанците.“ – изјави Зијадин Села.

Тој навести дека „многу теми ‘ќе се отворат’ ако се згази волјата на албанскиот народ“ и оти „во деновите што следат ќе бидат јасни многу работи“. Села рече дека „пресудата“ на албанските гласачи е јасна, според него, неспорен победник е Европскиот Фронт со значителен број гласови повеќе.

„Сега, некои се повикуваат на унитарноста на државата, а во истиот момент газат врз тој принцип. Триесет проценти од народот во оваа држава се одлучи на избори, јасно кому му го даде легитимитетот. Ако ја згазите таа волја, тогаш зошто во иднина би гласале Албанците, која би била поентата? Тогаш некој друг секогаш би одлучувал за нивната волјата. Многу теми би се отвориле, ако се случи ова. Но Европскиот Фронт нема да го дозволи тоа, ние сме должни да ја браниме волјата на народот. Ќе бидат многу работи јасни во деновите, што следат. Ако одлучува македонскиот политички субјект, тогаш Албанците не би имале желба да гласаат во иднина. Вреди во целата ситуација е само марионета.“ – рече Зијадин Села во „Клик Плус“.