Крило од Алијанса за Албанците на Зијадин Села синоќа донесе конечна одлука да се приклучи на „Европскиот фронт“ предводен од Али Ахмети.



Од присутните 116 делегати на синоќешното Централното собрание, со кое претседава Села, дури 111 делегати гласаа за коалиција со ДУИ. Само еден делегат се спротивстави на овој потег, додека четворица беа воздржани од гласањето, нагласувајќи ја огромната поддршка што ја доби одлуката.

Села ја прифати понудата од лидерот на ДУИ и во замена на „сојузништвото“, ќе обезнеди пратеничко место за себе и за уште најмалку 4 сопартијци.

Како пшто објавија медиуми, Села ќе ја предводи пратеничката листа на „Европскиот фронт“ во петтата изборна единица.

Се очекува Зијадин Села и Али Ахмети да си подадат рака за предизборна соработка в сабота.