Села во име на „Европскиот фронт“: Се блокира евроинтегративниот пат на земјата и се деалбанизираат институциите!

„Албанската опозиција ја обвинува власта за блокирање на евроинтегративниот пат и за заробување на судството. Од името на Европскиот фронт Зијадин Села истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги држи во заложништво иднината на граѓаните и европската перспектива на државата. Фронтот очекува 2025 година да ја најде земјата со уставни измени и колку е можно поблиску до ЕУ.“ – пренесе ТВ Алсат.

Натаму телевизијата објавува: „Правдата и борбата против корупцијата ќе бидат поблиску колку што ќе бидеме и ние поблиску до Европската Унија. Секој што ги блокира евроинтеграциските процеси, не зборува за правда, зборува за земање на правдата во заложништво и за нејзина партизација, зборува за претворање на правдата во нешто, што сме го виделе во минатото.“ – посочи Села.

Европскиот фронт обвинува дека „за време на власта на ВМРО-ВЛЕН се деалбанизираат институциите“, а „Уставниот суд се користи за спроведување на програмата на ВМРО-ДПМНЕ“. „Сервилноста имаше за цел деалбанизација на институциите, отстранување на другите етнички заедници од работа, а тоа го достигна врвот подоцна и со отстранување на правото на етничка припадност.“ – изнесе Села во име на Европскиот фронт.

Европскиот фронт како достигнување на опозицијата ја смета забраната за укинување на законот за употреба на јазиците, блокирањето на законот за бранители како и на законот за средните училишта, со кој беше предвидено интонирање на химната и на крајот на учебната година.