Сексуални напади во новогодишната ноќ во Берлин!

Полицијата во германската престолнина соопшти за случаи на сексуално малтретирање за време на новогодишната ноќ.



„За време на прославите по повод дочекот на 2018 година во Берлин, за жал, имаше одделни пријави за сексуални напади. Нема да толерираме слични постапки! Приведени се осомничени“, соопшти берлинската полиција на “Твитер”.

Од полицијата не прецизираат колку жалби се добиени, а не се откриваат и други детали.

Во пресрет на Нова Година германските медиуми објавија дека за време на новогодишната ноќ плоштадот околу Бранденбуршката порта за прв пат че биде опремен со „безбедносни зони“ за жените, каде жртвите на евентуално сексуално насилство или малтретирање ќе можат да добијат помош.

Пред две години широк одек добија настаните во германскиот град Келн, каде што во текот на ноќта на новата 2016 година повеќе жени беа нападнати од мигранти и бегалци. Тогаш во полицијата беа добиени повеќе од 700 жалби за малтретирање, тепање и кражби.