Родителот на Австралиецот со грчко потекло Марк Филипусис кој во 2003. година играше финале на Вимблдон е во затвор во Сан Диего по основаното сомневање на полицијата дека сексуално злоупотребил најмалку две деца. Полицијата го товари 68 годишниот Николас Филипусис дека имал односи со едно 14 годишно и едно десет годишно дете од тениската академија каде работел како тренер.



Притворениот може да излезе со кауција, но таа е висока 2.5 милиони долари, а неговиот син, кој во еден период беше и 8. светски тенисер не верува.

“Не гледам ни еден доказ дека мојот тако има некаква врска со тоа”, рече Марк по објавувањето на сторијата.

Но американската полиција тврди дека има и докази и сведоци, и затоа го уапсила Николас Филипусис во неговиот дом, а наскоро се очекува судот службено да поднесе обвинение.