Се најавува помош за граѓаните, што се однесува до скапата храна. Владата најавува дека ќе има и есенска и пролетна кошничка со која ќе се ублажува ценовниот шок. До крај на неделава треба да биде готова готова потрошувачката кошничка во која ќе се најдат 100-тина основни прехрамбени производи кои постојано се купуваат од дуќаните.

Од Министерството за економија кое ја прави анализата велат дека се чека Владата да ја одобри и веднаш да почне да се применува. Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека ќе има есенска и пролетна кошничка и изрази подготвеност да му излезе во пресрет на стопанството за одложување на примената на Законот за нефер трговски практики. Мицкоски истакна дека полека, но сигурно цените се стабилизираа, а показател за тоа е и стапката на инфлација која во август изнесуваше 2,2 отсто.
- „Во периодот кој што следи ќе продолжиме да се грижиме за стандардот на граѓаните, ќе имаме предновогодишна, есенска кошничка во која што ќе има своевиден вид на производи кој што се најупотребувани во тој период од годината, ќе имаме пролетна. Во зависност од тоа какви се потребите на граѓаните ќе го следиме процесот и нема да дозволиме да имаме повторно висока стапка на инфалција со што ќе се влијае негативно на стандардот на граѓаните“, иззјави премиерот Христијан Мицкоски.
Од Сојузот на стопанските комори, пак бараат да нема одлагање на примената на овој закон. Велат македонската економија треба да биде пазарно ориентирана и во согласност со европските движења.

Од Министерството за економија велат дека доколу се прифати мерката за ограничени цени таа би започнала да се применува уште од наредната недела. Инаку во есенската кошничка се предвидени намалувања на цените на прехрамбените производи на основните производи кои им се потребни на домаќинствата и намалување на цените на производите кои ги користат најмногу во овој период.
Граѓаните веќе се истрошени и велат дека мора час поскоро да се превземат мерки. Се жалат дека секое влегување во маркет цените се за 10 до 20 денари поскапи, пракса на која никако да се стави крај.





