Како и што се очекуваше огромни гужви на двата најоптеретени гранични премини „Табановце“ и „ Богородица“. Стотици автомобили чекаат над 1 час за влез и излез од Македонија.

Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини денеска се чека многу време.
На останатите гранични премини, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Искуствата на дел од нив се различини во зависнот од кој период од денот тргнале на море. Но од она што споделуваат српските туристи кои во најголем број се упатени кон грчките плажи велат дека чекаат за влез во Грција дури 3 часа. Посебно посочуваат дека колоната за влез на „Богородица“ е со должина од над 2 километри.





