Американскиот геолошки институт (USGS) издаде црвен аларм за земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што рано денеска го погоди Мјанмар и ги погоди околните земји, јауваат медиуми
Врз основа на локацијата на епицентарот и околната инфраструктура, се процени 35 отсто веројатност дека бројот на загинати ќе биде помеѓу 1.000 и 10.000.
„Генерално, населението во овој регион живее во структури кои се ранливи на земјотреси, иако постојат отпорни структури.
„Доминантните ранливи типови згради се неформални (метал, дрва, ГИ итн.) и неармирана ѕидарија од тули“, се вели во прелиминарната проценка.
USGS, исто така, процени еднаква веројатност дека економската загуба ќе биде до 10 милијарди американски долари, со 29 отсто веројатност дека тоа би можело да достигне до 100 милијарди американски долари, приближно една третина од БДП на Мјанмар.






