Се проширува обвинителскиот тим, кој работи на истрагата за трагедијата во дискотеката во Кочани, каде што во пожар 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди. Вкупно 11 јавни обвинители работат на обемни активности, кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци, но и други истражни дејства и соодветни вештачења од повеќе области.
Продолжуваат контролите во јавни објекти низ Македонија за проверка на документацијата, за исполнувањето на обврските од лиценците и дозволите, на техничките услови за работа и безбедносните стандарди.
Извор: Македонска информативна агенција – МИА





