Скопјани ги испразнија рафтовите во маркетите, пренесува ТВ Алфа. Флаширана вода се купува на големо, откако градските служби најавија дека во петок пред полноќ ќе ја затворат главната водовна цевка со што поголем дел од градот ќе остане без водоснабнување.
Во дел од маркетите, како што пренесува телевизијата веќе нема големи шишиња со вода од пет литри.
Немањето вода ќе биде проблем и за функционирањето на клиниките. Одложени се операциите во Клиничкиот центар, а од Министерството за здравство објаснија дека ќе се третираат само итни случаи.
Како што велат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ , вода ќе имаат само населбите од левата страна на реката Вардар, односно Чаир, Бутел, Радишани, пластичарска улица до американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда (висока зона), Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско поле, Новоселски пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански двор, Волково и орман. Останатите корисници ќе бидат без вода.
Утринава екипите од „Водовод“ ја испумпуваа водата која беше насобрана кај кружниот тек во Ѓорче Петров, а дефект претходно беше забележан и на булеварот „Никола Парапунов“, во Карпош 4, каде континуирано се излеваат огромни количини питка вода веќе неколку недели.
Извор:https://alfa.mk/skopjani-se-podgotvuvaat-za-vikend-bez-voda-gi-ispraznija-raftovite-vo-marketite/





