Се отстранува досегашното име на скопскиот аеродром

На страницата на „Фејсбук“ на Обединета македонска дијаспора вчера беше објавена фотографија на која се гледа како се отстрануват табли од скопскиот аеродром.



Аеродромот „Александар Велики“, по одлуката на Владата во вторникот, е преименуван во „Меѓународен аеродром Скопје“.

ТАВ, компанијата која управува со аеродромот, соопшти дека ќе ја почитува одлуката.

Во текстот под фотографијата, наводно направена вчера, стои едноставното прашање: Како се чувствувате Македонци?!