Две лица се приведени поради обид за кражба во зградата во која изби пожар во Чаир, соопштија од МВР.



Според информациите, крадците се маскирале како пожарникари и успеале да влезат во некој од опожарените станови и украле злато и пари.

Пожарот во зградата беше изгаснат вчера утрото околу 9:30 часот по повеќе од 24 часа.

ПОжарот избил во подрумските простории на објектот, а станарите беа евакуирани преку покривот на зградата со посебни скали на противпожарно возило.

Поради вдишување чад, лекарска помош побараа 40-ина лица.