„Сè е растурено, баталете кампања“: СДСМ на 4 дена пред изборите

Траорна атмосфера во СДСМ откако вчера и денеска партиските аналитичари ги презентирале последните внатрешни анкети кои покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има огромна победа во среда.



Аналитичар на СДСМ кој долги години ги работи анкетите на Бихаќка денеска на координација во СДСМ и со тимот на Венко Филипче во Изборната единица 4 порачал дека партијата може веднаш да ја запре кампањата затоа што трендовите се катастрофални.

“Се е растурено, ништо не може да поправи, оставете ја кампањата”, рекол аналитичарот кон според очевидци бил со насолзени очи.

Според резултатите од првиот круг на претседателските избори СДСМ ќе освои најмногу 26 пратенички места но според последните трендови во јавноста таа бројка може драматично да се намали.

Информациите од СДСМ за денешната средба ја поткрепуваат тезата дека партијата на Ковачевски може да падне дури и под 20 пратенички места.