Во понеделник ќе се врати старата цена за осигурување на возилата, пишува Сител. Поскапувањето за 15 отсто, кое го донесе Националното биро по барање на сите 11 осигурителни компании , на владина комисија за автоодговорност – ќе се поништи., велат извори од комисијата. Дека е неоправдано донесена одлуката за зголемување на цените, вчера реагираа и од Министерството за финансии и од Агенцијата за супервизија на осигурувањето.
„По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано. , реагираа од АСO.
Од финансии во соопшението наведоа дека премијата за осигурување која ја плаќа осигуреникот, ја утврдува Владата, на предлог на Комисијата и таа останува непроменеета.
За поскапувањето реагираше и вицепремирот Битиќи. На својот ФБ профил напиша:
Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на владина седница. Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните“,
Вицепремиерот ги повика министерството за финансии и Комисјата за заштита на конкуренцијата да постапат по овој случај. Инаку, според новиот тарифник, поскапувањето е од 840 до 1.600 денари, во зависност од моќноста на автомобилите. Полисата за осигурување е задолжителна и ја плаќаат граѓаните при регистрација на возилата.





