Иако од СДСМ се уште нема официјални информации кои ќе бидат носителите на пратеничките листи во шесте изборни единици на парламентарните избори во мај, неофицијално сепак се споменуваат конкретни имиња.
Лидерот на партијата и екс-премиер, Димитар Ковачевски веќе потврди дека ќе биде носител во првата изборна единица. Според неофицијални извори,СДСМ би имал и коносител на листа, а тоа би била Моника Зајкова, лидерот на ЛДП, коалициски партнер на СДСМ.
Двојката би требало да биде за Сања Лукаревска иако таму шанси има и Фатмир Битиќи.
Во тројката се прават анализи меѓу Љупчо Николовски и Оливер Спасовски.
Најголемото изненадување може да биде Венко Филипчекој би ја предводел кандидатската листа во 4-та изборна единица.
Во „петката“ се споменува името на Славјанка Петровска, актуелна министерка за одбрана.
За шестата изборна единица СДСМ се уште не се знае дали ќе има кандидат, а ова претежно би зависело од тоа дали партијата ќе оди во коалиција со ДУИ.





