Вработен на место „курир“, кој треба да ги исполнува општите услови утврдени со закон, но и да има средна стручна подготовка, возачка дозвола Б категорија, но не и работно искуство, бара фирмата„ Аеродроми Македонија“.
Основната плата за ова работно место е 32.204 денари.
Акционерското друштво објави оглас за пополнување на пет работни места ,за кои плаќа основни плати од 32.204 до 39.297 денари, дознава „Плусинфо“, сдпоред чии созннанија се бара шеф на кабинет, самостоен референт за маркетинг, самостоен референт за контрола на документација за набавки и продажба, возач и курир.
Нема детали, кои други екстра – услови треба да ги исполнува „курирот“ и другите за ова работно место.





