Соочена со дебакл на изборите СДСМ сам се фати како шири лажна вест за наводни лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ.
Преку нивни блиски медиуми и преку партиски соопштение СДСМ се обидува да ја убеди јавноста дека постои оперативен план за злоупотреби од страна на ВМРО-ДПМНЕ но анализа на фабрикуваните докази почажува дека фалаификаторите на Бихаќка не се способни да направат ни фалсификат.
Според документот што првично е објавен на ПорталиХ на Фуркан Салиу стои дека наводниот состанок на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се случил во иднината.
Датумот на документот за кој ВМРО-ДПМНЕ вели дека е лажен е 12 декември 2024 година односно за 9 месеци од сега.
Целото соопштение на СДСМ кое содржи повеќе лажни вести за кое ВМРО-ДПМНЕ најавува тужба:
Голем скандал е на повидок. Се потврдува дека лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
Станува збор за реализација на цела шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести.
Документите со потписи потврдуваат дека оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ го содржи она што и реално се случува.
Предвидува креирање на емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС на Владимир Божиновски, какви што веќе се емитуваа на МТВ. Дефиниран е и составот на гости во емисијата, да бидат аналитичари и тоа 3 опозициски и 1 од власта.
ДПМНЕ има и одговорен и за ширење лажни вести а креираат и лажни вести преку „дувла“ кои ги објавуваат опозициски портали.
Ова е голем скандал кој покажува дека лажните анкети се нереални и служат за манипулација на граѓаните а немаат врска со реалноста. Но исто така потврдува дека нема никаква промена во ДПМНЕ.
Пропагандата, злоупотребите на медиумите, ширењето лажни вести и нарачаните лажни анекти се истите методи на Никола Груевски сега ги спроведува Христијан Мицкоски.
Ништо не се менува во ДПМНЕ. За овој скандал мора да има одговорност.
Кој оди по умот на контроверзниот и скап израелски ПР консултант






