Владејачкиот СДСМ секојдневно се фали со „историски“ највисока просечна плата од безмалку 40.000 денари, но премолчува дека таа е најниска меѓу шесте републики на поранешна СФР Југославија.
„СДСМ го цени и го вреднува трудот на работниците и со правилни политики успеа просечната плата да ја издигне на историски најголеми досега 40.000 денари“, пишува во партиското соопштение.
Со 649 евра, Македонија, сепак, ѝ гледа во грбот и на Босна и Херцеговина, каде што тамошната Агенција за статистика пресмета просечна нето плата за декември 2023 година од 654 евра.
Неприкосновена на врвот меѓу ексјугословенските републики и понатаму е Словенија со 1.530 евра, пред Хрватска со 1.191, Црна Гора со 814, а далеку пред Македонија е и Србија со 811 евра.






