СДСМ јавно им се извини на лицата за кои тврдеше дека се „кадровските решенија во МЕПСО“.
Во морето на информации кои пристигнуваат до СДСМ за погрешната кадровска политика на ВМРО-ДПМНЕ, пристигната е и нецелосна информација која не беше целосно проверена, со што е направена ненамерна грешка со имињата за членови на управниот одбор односно надзорниот одбор на МЕПСО. СДСМ како одговорна и принципиелна партија упатува јавно извинување до споменатите имиња кои не се дел од новите кадровски решенија во МЕПСО но и до целата јавност”, соопштија од СДСМ.
Утрово, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција обвини дека новинарката и водител бо Алфа Телевизија, Анастасија Илиеска, сопругата на водителот Богдан Илиески е назначена за нов член на тело во МЕПСО и дека заедно со Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов се назначени да вршат надзор во МЕПСО.
Станува збор за сосема две различни личности кои имаат исто име и презиме како гореспоменатите.
Секој збор искажан на пресконференциите на СДС е лага и конструкција од невидени размери. Ниту станува збор за синот на поранешниот Претседател Ѓорге Иванов, ниту станува збор за сопругата на Богдан Илиевски. Тоа се комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и Илиевски. И тоа е лесно проверливо и уште полесно за докажување, но на СДС им е полесно да се расфрлаат со пердуви и да обвинуваат за наводна партизација. Заврши вашето време, со тоа заврши и уништувањето на институциите“,реагираше Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.





