„Ковачевски на тацна му ја подари Македонија на главниот стопан Ахмети. 100 души од ДУИ управуваат со два милиони народ. Тие одлучуваат за тендерите, за тоа кој да се вработи, кој каква работа да добие. 20 години се силно навлезени во институциите кои ги криминализираат до највисока мера“, обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Кочани, пренесе „Макфакс“.



Мицкоски потсети дека Али Ахмети пред целата јавност со едноставни зборови објаснил кој е неговиот план за Македонија. А тоа е – „Како до сега’

„Тоа значи Артан Груби да продолжи со тендери и матни зделки. Бујар Османи да продолжи да ги распродава интересите на Македонија, нови ‘соравии’ кои ќе се купуваат, нови изведувачи на автопатишта кои ќе добијат милиони, а нема да фрлат ниту лопата. Како до сега значи и дека ќе продолжат да си играат фудбалчиња во државни институции и функционери на ДУИ да шамараат контролори за летање“.

Мицкоски уште додаде дека СДСМ „ од некогаш голема структура се сведе на слуга на желбите на ДУИ кои е јасно дека иако дојдоа со конфликт на власт овие избори се неповторлива можност да си заминат со пенкало и со силната волја на народот“.