СДСМ објави груба лага за Гордана Силјановска Давкова (ВИДЕО)

Во обид да ја дискредитира СДСМ објави груба лага за кандидатката за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.



Во свое официјално соопштение за јавност центарот за комуникации на СДСМ тврди дека Силјановска ги навредила пензионерите затоа што таа зборува за двајца ликови од популарното Мапет шоу кои што не прават ништо освен што коментираат и цинично критикуваат.

Одговарајќи на прашање зошто од својата комотна професорска позиција влегла во политика Силјановска одговара дека сите што имаат капацитет треба да се вклучат во подобрување на државата а не само да критикуваат од страна како двајцата старци од Мапет Шоу.

Свесно искривувајќи ги зборовите на Силјановска во интервјуто на Вин Вин на Телма СДСМ објавува соопштение во кое тврди дека
,,Пензионерите за Гордана Силјановска Давкова се „Мапет шоу“, што е лага.

Силјановска зборува за конкретни два лика кои ништо не прават туку само критикуваат а не за сите старци.

„Аман од Мапет шоу и од оние старците“ – тоа е потценувачкиот и навредлив став и однос на Силјановска кон пензионерите, кон нашите повозрасни граѓани, кои ја граделе државата, кон нашите родители, баби и дедовци”, пишува во соопштението СДСМ обидувајќи се лажни да прикажат дека Силјановска која самата има 70 години дека ги навредувал пензионерите.

Силјановска на темата зборува од пред 18 минута во видеото

https://fb.watch/qRcq_nVNFC/?mibextid=Nif5oz