СДСМ избра човек и екс директор на ТОАРИЛУЦ за кандидат за градоначалник на Аеродром

Докторот ортопед Александар Трајановски е кандидат на СДСМ за иден градоначалник на најголемата општина во Македонија според број на гласачи.



,,На Аеродром му треба пред се човек да ја води општината. Човек што помага секојдневно човек за сите. Честитки докторе
Aлександар Трајановски за Аеродром”, објави скопската градска организација на СДСМ вечерва.

Доктор Александар Трајановски во 2020 глина во времето на Венко Филипче како министер за здравство од страна на владата на СДСМ и ДУИ беше избран за директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Д-р Трајановски е вработен на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ од 2011. Дипломирал во 2006 на Медицинскиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2012 завршува специјализација по ортопедија, а во 2019 ја завршува и субспецијализацијата по трауматологија на истиот факултет.