СДСМ и ДУИ ја сечат гранката на која седи македонската економија, иронична анализа на екс министер за финансии

Под наслов ,,ШАМПИОНИ” професорот по економија и екс министер за финансии Трајко Славески во ироничен коментар анализира колку е штетна владината политика за вештачки раст на минималната плата.



Славески меѓу редови во сатиричниот текст ни кажува дека Македонија номинално има поголеми плати и од членка на ЕУ и од земји кои за разлика од Македонија имаат сериозни економии.

,,Минималната плата во бруто износ во Република Македонија во моментов (пред мартовското зголемување) од 484 евра е повисока од минималната бруто плата во Бугарија (477 евра) и од Албанија (384 евра). Во Србија е 544, а во Црна Гора 533 евра.

Со зголемувањето што следи од овој месец, нето 22.500 ден., бруто 33.250 ден., односно 540 евра бруто, ќе ја надминеме Црна Гора и скоро ќе се изедначиме со Србија. Браво за нас”, пишува на шега Славески кој е претседател на Советот на град Скопје.

Реалниот раст на македонската економија за минатата година е околу 2 проценти што значи дека таа функционира по инерција без здрави економски политики.