СДСМ доби 853 причини зошто да ја запре црната кампања против Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Речиси да нема човек од сите 853 кои што коментирале на видеото на профилот ,,Сакам да сум европски граѓанин” кој не ги осудува СДСМ и власта за црната кампања и политиките што ги води.



Најголем број од коментарите се во знак на поддршка на ВМРО-ДПМНЕ што црната кампањата на профилот кој формално не е на СДСМ но јасно е дека е на иста линија, ја прави целосно контрапродуктивна за Бихаќка.

Наместо со парите што нарачателот ги плаќа да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ се добиваат лоши оценки за СДСМ.

Очигледно финансиерите на нападот врз Мицкоски немаат време да ги бришат коментарите со што штетата за СДСМ е двојна, ем со видеото се открива отпорот кон Ковачевски и власта ем се гледа масовната поддршка што ја добива ВМРО-ДПМНЕ.

Дел од коментарите каде што речиси нема поддршка за Ковачевски и ДУИ:

Почна црната кампања од СДСМ, нема со што да се пофалат

Ве видовме вас што арамии и предавници сте така да не е тешко да се одлучи за кого да се гласа.

Тргнете си од вашите постапки со криминалот, корупцијата , очајот , предавствата , уништивте образование, здравство, армија на Република Македонија се што значи држава и државност на македонскиот народ и јазикот и историјата, вие сте страм за Македонија и македонскиот народ

А кој ќе не одведе во Европа? Таљат
Џафери ли што ни го подметнавте? Или можеби Груби, на кого му ја предадовте државата?

Со вакви кројачи сами вие,глупаци се уништувате.Вашиот сдс брод тоне,мислите ли дека со вакви глупости ќе се спасите.Почнавте да се борите кој ќе влезе на листата на првите места трето или четврто место. Тоа докажува дека сте исплашени од големиот катастрофален пораз. Ништо не може да ве спаси и заштити.Сите криминалци ќе бидат изнесени пред судот на правдата,тоа не ви бега.Го доведовте народот до питачки стап.Да видиме од каде и како стасавте со такви богатства.Без докази за потекло на имотот се ќе ви се одземе и ќе си лежите.

Никогаш не сте добиле избори плачете по амбасадите така ќе биде и сега го клеветите и скрнавите македонскиот народ овие 7 години со тиранската платформа и вашите таканаречени еу пријатели ја пониживте и продадовте Македонија со 15 пратеници на дуи и вашите газолижачи начисто ја осакатифте Македонија кога тогаш ќе ве фати клетва заради виткањето кичма

Вие се плашите од МИЦКО затоа што ќе ве напика по затвори бандо клептоманска.

Леле како ќе изгубите, не сте ни свесни сами.
Само продолжете на овај начин.
На крај ќе има многу солзи и мрсули од вас.

Линк до целиот пост и сите коментари

https://www.facebook.com/share/r/3pftgZ6uGdEnHak1/?mibextid=oFDknk