Викендов се изречени се казни на пет угостителски објекти на Кејот 13 Ноември во Скопје кои во саботата на диво ги извадија масите и столиците и ги распослаа низ шеталиштето. Како што велат од Општина Центар,. Казнети се „Дион“, „Карпе дием“, „Соул кичен“, „Бела виста“ и „Торос“, дознава порталот Сакам ДДа Кажам“



„Нема да дозволиме кејот повторно да биде узурпиран….Казната е од 1.000-1.500 евра за правното лице и 300 евра за одговорното лице. Ќе ја пратиме ситуацијата, ако повторно ги извадат масите ќе добијат нови казни“, велат од Општина Центар, објавија од порталот.

СДК потсетува дека откако кејот беше реновиран пред три години во мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов, кафеанџиите добија дозвола да имаат тераси само пред објектите – беше точно обележано до каде можат да се простираат и добија плус 3,5 метри од јавниот простор.

„Но, сега газдите не се задоволни од добиениот простор и сакаат да имаат маси и столици низ плочникот, па на диво ги поставија во договорена акција на сите угостители. Масите беа поставени помеѓу клупите за пешаци со што всушност им се блокира пристапот на сите пешаци што сакаат да седнат да одморат, а притоа да не мора да седат во кафеана“ пишува СДК.