Јасно е дека светот влезе во многу турбулентна фаза и дека слободата тешко може да се оствари во услови на опасност по безбедноста. Речиси никаде не сме безбедни, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова по учеството на Акаба самитот во Софија.
,,Потребна е заедничка акција и секој во својата средина да се справува со радикализмот. Во оваа борба мора да бидеме многу внимателни бидејќи селективната правда може да биде опасна – секој живот подеднакво вреди и секој живот треба да го заштитуваме.
Благодарност до бугарскиот претседател Радев и кралот на Јордан, Абдула Втори, за поканата за учество на овој значаен безбедносен и политички форум”, порачува претседателката Сиљановска Давкова.





