„Иако мојот дедо, Јосип Броз Тито, го даде името„Македонија“ на една од шесте републики што ја сочинуваа Југославија, јасно е дека овој потег не беше наменет да создава иредентистички претензии кон соседните земји со кои Југославија разви пријателски односи и плодна соработка.



Скопските власти многу години ги презентираа мапите на „Големата Македонија“, проширувајќи ги „своите географски и етнички граници“ во Бугарија, Албанија и Грција. Дали е овој модел на регионална соработка што нашите пријатели во Скопје изјавуваат дека ќе следат?“ пишува Светлана Броз, внука на Јосип Броз Тито, во авторски текст во атински „Катимерини“, втор во последните месец дена.

Откако потсетува на резолуцијата на СБ на ОН 817/1993 со кои Македонија беше примена во ОН односно Одлуката 845/1993, Светлана Броз дрско констатира:

„Прифаќање на влез во ОН под привременото меѓународно име ‘ПЈРМ и прифаќањето на постапката ‘да се продолжат напорите под покровителство на Генералниот секретар за брзо решавање’ на спорот за прашањето за името, а во исто време континуирано користењето на ‘уставното’ име ‘Македонија’ – кое не е прифатено од ОН – „ не е само измама и навреда на меѓународната организација, туку и доказ дека се сметаат себеси за „паметни“ а сите други за „идиоти“.

Во написот, кој не случајно доаѓа во моменти кога двете страни се позиционираат пред наводно клучната 2018 кога треба да се реши спорот со името, д-р Светлана Броз вели:

„Би сакала да поставам едноставно прашање: ако му презентирате на некој мапа што го нарушува неговиот територијален интегритет, што би очекувале од него? Да ги прифати вашите предлози? Дали тоа би било можно?

А бидејќи мапите на „Голема Македонија“ и иредентистичка политика се засноваат на прашањето за името, односно „Македонија“, јасно е дека овој термин не може да функционира.

Во текстот „авторката“ уште додава дека политиката на Тито за неа била јасна: тој никогаш немаше да се се држи до идејата да инсистира на името Македонија.

„Не можам да разберам зошто политичарите во Скопје биле толку тврдоглави во ОН и на друго место, наместо да пронајдат разумна разлика (име –н.з.) помеѓу географскиот регион во Грција и нивната нова држава.“